Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШТО ОД ШЕНГЕН БЕЗ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ: Кос ги разочара Рама и Вучиќ

НИШТО ОД ШЕНГЕН БЕЗ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ: Кос ги разочара Рама и Вучиќ

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја отфрли идејата на албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за пристап до Шенген зоната и заедничкиот пазар без полноправно членство во Европската Унија(ЕУ).

Таа нагласи дека условите за влез во Шенген зона и Европска Унија се речиси идентични и бараат спроведување на сериозни и длабоки реформи, без можност за компромиси.

„Дали лидерите знаат колку треба да постигнат за да бидат дел од Шенген или заедничкиот пазар?“, изјави Кос, потенцирајќи дека нема „краток пат“ до европските интеграции.

Идејата на Рама и Вучиќ беше изнесена во авторски текст за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, каде тие укажаа на бавниот напредок во процесот на интеграција и предложија нивните земји да добијат пристап до економските придобивки од Унијата, без да имаат политичко право на одлучување.

Кос, говорејќи на настан организиран од Politico, го оцени овој предлог како неприфатлив и повтори дека Унијата ќе инсистира на целосно исполнување на критериумите.

Таа истакна дека и во рамки на можниот модел на постепена интеграција, реформите остануваат клучен услов.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести