Ништо од решение за името – Грција оди на нови избори во октомври?
Грција во октомври ќе оди на нови предвремени парламентарни избори, најавуваат грчките медиуми. Според нив, премиерот Андонис Самарас ја подготвува опцијата за предвремени избори како план за владини промени и се очекува да ја објави во следните денови.
Октомври е месецот на избори, а штабови отсега се на “борбена нога”, пишуваат грчките весници, навестувајќи дека е можно новата владина коалиција да ја формираат конзервативната Неа Демократија и радикалната левица Сириза.
Доколку најавите на грчките медиуми се исполнат, тоа би можело да значи и ново одлагање и подолг застој во разговорите за името. Медијаторот Метју Нимиц чекаше во Македонија да завршат претседателските и парламентарните, а потоа во ГРција европските избори за да најави нова посета на регионот летово.
Сепак, неизвесно е што ќе се случи доколку Грција уште еднаш влезе во предизборие.
Слично
