Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ништо не помага-нафтата повторно падна

Ништо не помага-нафтата повторно падна

Цените на нафтата нагло паднаа по одлуката на ОПЕК и државите надвор од тој картел да се продолжи ограничувањето на производството на нафта.

Членките на ОПЕК и други држави се договорија за девет месеци да го продолжат ограничувањето на производството на нафта како би се поттикнале цените, но и покрај тоа нафтата на светските пазари паднаа околу четири отсто. 

Блумберг наведува дека цените паднале затоа што е договорено да се ограничи производството, но не и да се намали.

Последното ограничување е договорено бо ноември кога ОПЕК постигна договор за намалување на производствотоза 1,2 милиони барели дневно. Тој договор истекува кон крајот на јуни а произведувачите вчера договорија нов договор кој ќе важи девет месеци.

Цената на референтната амриканска нафта според податоци на блумберг, паднала за 4 отсто, на 49,3 долари за барел, а нафтата брент за 3,7 отсто, на 52 долари за барел.

Слично

Поврзани вести