НИШТО НЕ ОСТАНА: Најмалку пет милиони евра штета во изгорената фабрика „Виго-48“!
И покрај напорите на битолските пожарникари, фабриката за кекси „Виго-48“ речиси во целост изгоре во вчерашниот пожар, а материјалната штета е огромна. Доколку сака да продолжи со производниот процес, сопственикот ќе мора да гради целосно нова фабрика.
Според првичните проценки, во пожарот изгоре 95% од објектот на некогашната фабрика „Прогрес“, а штета се проценува на повеќе од пет милиони евра.
Дејан Павловски, управител на фирмата, вели дека за час и половина фабриката веќе била изгорена, а штетата уште точно не може да се процени, бидејќи и натаму не е дозволен пристап до објектот.
При гаснењето на пожарот еден пожарникар се затрул со јаглерод-моноксид, Дополнително, пожарникарите не биле информирани за дополнителна просторија каде имало плински боци и други запаливи материјали, кои утринава околу 4 часот експлодирале, вели Костадин Поповски командир на ТППЕ Битола.
Според зборовите на очевидците, пожарот се јавил кај еден од оџаците и мошне брзо се проширил на таванскиот дел на погонот за производство.
Слично
