Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШТО НЕ Е ГОТОВО: Грција ќе банкротира во 2016!

НИШТО НЕ Е ГОТОВО: Грција ќе банкротира во 2016!

Aмериканската агенција S&P предупреди дека постои можност политичката нестабилност во Грција во 2016 година да доведе до тоа дека таа земја ќе банкротира следната година.

Аналитичарот на S&P Френк Гил изјавил дека способноста на грчката влада во нардните 12 месеци да ги отплатува долговите во целост зависи од поволните финансиски и бизнис услови во земјата, пишува грчки Катимерини.

Гил, директорот на S&P за Европа, додаде дека посветеноста на Атина на спроведување на непопуларните реформски мерки, како оние во социјалните осигурувања, бенфиции, ги кратат трошковите и приватизацијата, ги зголемува шансите во почетокот на годината да дојде до политичка неизвесност.

S&P наведува дека имплементацијата на мерките договорени во рамки на пакетот финансиска помош за Грција е клучна за опстанок на грчките банки, стабилизација на економијата и враќање на довербата.

Гил, и покрај загриженоста која ја изразил, рекол дека верува дека грчката влада ќе направи се да не го доведе кредитниот сектор и банкарски депозити во ризик и верува дека Атина ќе ги исполни обврските кои ги презеде во замена за кредитна помош.

Слично

Поврзани вести