Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ништо и од денешната трета средба на средношколците со МОН

Ништо и од денешната трета средба на средношколците со МОН

И денешната трета средба на третиот ден од бојкотот на гимназијалците и МОН заврши без успех.

Гимназијалците не го прифатија денешниот предлог уште годинава да се полага матура по стариот концепт и да се формираат работни групи кои ќе ги разгледуваат предлозите за подобрување на концептот на матура и екстерното тестирање во иднина, бидејќи како што велат веќе имаат конкретни решенија и порачуваат дека не отстапуваат од нивните барања.

Тие побараа за наредната средба да има мониторинг од Народен правобранител, детската амбасада Меѓаши и од Хелсиншкиот комитет за да не бидат изманипулирани и да не паднат под политички влијанија.

Имено, кампувањето и денес продолжува. Низа активности и алтернативни предавање од наставници се дел од програмата на средношколците кои ја организираат сами.

Секој кој ги поддржува во оваа намера и смета дека имаат право да се борат за своите права за подобро образование, поддршката може да им ја искаже преку симболично потпишување во нивната книга на потписи.

Да потестиме, дека поради се поголемата заинтересираност за кампување пред МОН , а поради не така топлото време гимназијалците имаат потреба од:

-готови пецива (переци, гевреци и сл.) -леб -овошје -кафе -млеко -кеси за ѓубре -храна што нема да се расипе ако не стои во фрижидер -плински боци -длабоки пластични чинии.

Слично

Поврзани вести