Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нишки предлог – се даваат полицајци во замена за азиланти

Нишки предлог – се даваат полицајци во замена за азиланти
На еден од надвозниците во Ниш се појави транспарент на кој пишува „Дајте ни ги на нас азилантите, еве ви ја полицијата“. Како што пренесоа неколку српски портали, не е познато кој го поставил ваквиот транспарент. Сепак посочуваат дека авторите предложиле едноставна размена на сите кои имаат проблем со азилантите, а за возврат ја нудат полицијата од Ниш, алудирајќи на инцидентите чиј актери се токму полицајците. Неодамна во инцидент, припадник на полицијата, Александар Раичиќ(25) го убил Властимир Налиќ поради парите кои наводно ги должел за дрога. Истовремено жители од повеќе мескта на овој регион организраа протести и ги блокираа патиштата за азилантите да не можат да се вселат во нивното место или да добијат храна, потсетуваат порталите.
Слично

Поврзани вести