Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИШАЈ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА!

НИШАЈ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА!
Владата регрутира административци само како бројка,  вработените по рамковен – земаат буџетска плата а седат дома . Извештајот на Европската Комисија  ја стави на удар – администрацијата и владините политики за нејзино “ пумпање “. “Трендот на регрутирање на работници на квантитативна основа, без доволна проценка за реалните потреби на институциите продолжи“ – пишува во Извештајот за напредокот на Македонија. Се посоува дека дел од регрутите, односно нововработените по рамковен договор биле вработени, a земале плата, а не биле распоредени по институциите.ни “Постапка за вработување на административци што доаѓаат од помалите етнички заедници не е усогласена со општите постапки за вработување и останува подложен на несоодветно политичко влијание“ – пишува во Извештајот. Во исто време се забележува и на транспарентноста на исплата на различни надоместоци на јавната админситрација . “Продолжи практиката да се плаќаат ад- хок надоместоци на јавните службеници без да се даде транспарентно оправдување “.

Генрално , Европската Комисија оцени дека во сегментот на јавната админситација  е постигнат  “определен напредок“ со укажување дека  опертивните и адмнистративните капацитети на Минстерството за информатичко општество и за админстрација се подобри, но сепак дека се непходни дополнителни напори и ресурси за наматошно подобрување за ефикасно да се справи со задачаите низ целата земја . “Мобилноста на државните и на јавните службеници е делумно подобрена, Регистерот на државни службеници е оперативен ама не содржи целосни податоци за сите институции. “ – се посочува во октомврискиот Извештај на Европската Комисија .

Колку точно брои јавната администрација и натму останува добро чувана бројка, но се лицитира со нешто повеќе од 120 000 луѓе .  Последниот Извештај на Регистерот за Државни службеници открива дека во 2011 бројката на вработени со статус “државен службеник“ изнесува 14 821 лице што работат во извршната власт , самостојните државни органи и стручните служби на државно и локално ниво. Дополнително, статус јавен службеник “уживаат“  10 738 лица – тоа се оние административци што работат во институции основани со одлука на Владата и на Собранието, но не и вработените што вршат работи од јавен интерес во здраството и во културата , како и во локалната власт. Вкупната  бројка само на државни и јавен службеници  лани достигнала 25 559  вработени . По последните испорачани забелешки и оценки, Европската Комисија го повикува офцијално Скопје да ја консолидира регулативата во сферата на цивилниот и јавниот сервис , да се решат недостатоците со вработувањата , унапредувањата и отказите.  Д.А.
Слично

Поврзани вести