Нина Ангеловска и прослави 10 годишен јубилеј на својата „Групер“
Поранешнта министерка за финансии, Нин Ангеловска, прослави десетгодишница од постоењето на нејзината компанија за е-трговија Групер.
„10 години Grouper.mk
10 години тимска работа, предизвици, солуции, ups and downs, емоции, пасија, е-трговија, ролеркостер...“, напиша сопственичкт на компанијата и екс прва финансиерка Ангеловска.
Неодамна оваа компанија бараше преку оглси, но и преку инстаграм, шестмина вработени за нејзината фирма. За шесте позиции се повикуваа да се пријават млади и амбициозни луѓе.
Се бараа Проект менаџер за Групер шопинг мол, специјалист за продажба, видео едитор, графички дизајнер, референт за финансии и менаџер за социјални медиуми.
Тоа покажува дека овој првичен бизнис на кој сега пак му се врати екс министерката за финансии, е во добра кондиција, или едноставно, неа и оди добро во овој бизнис ангажман.
Покрај ова, Нина Ангеловска кон крајот на минатата година, на предлог на Владата, беше избрана и за член на Одборот на директори на Македонски телеком.
Слично
