Нина Ангеловска до опозицијата: „Групер“ не е плагијат и не делев минимални плати
Нина Ангеловска откако во саботата официјално беше избрана за нова министерка за финансии од стран ан Собранието одговори на жестоките криутики од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека нејзината компанија „Групер“ не плагијат, туку како што вели таа, таков тип на услуги постојат во секоја држава.
- Да се осврнам на вториот дел на вашето прашање и за тоа ви благодарам затоа што еве можеме да ги расчистиме дилемите и шпекулациите коишто беа поставувани изминатата недела, а во Собранието ми беа директно вперувани, а јас не можев да одговорам на сите тие работи. Прво, во однос на тоа дека „Групер“ е плагијат ако ги погледнете сите мои интервјуа од 2011 година па наваму ќе видите дека јас во секое интервју кажувам дека „Групер“ е инспириран од успешната американска компанија „Групон“ и оти ние донесовме нов бизнис модел на македонскиот пазар во време кога не постоеше ниту тој бизнис модел, ниту онлајн плаќањата и е-трговијата. И сега тука не можеме да кажеме за бизнис модел што сме го донеле каде што јас цело време сум кажувала од каде е инспириран дека било плагијат. Тоа е бизнис модел којшто постои во секоја една држава во светот и е македонска компанија градена со многу труд и работа, која што соработува со 3.500 компании, опслужува над 200.000 корисници и има креативен млад, динамичен и ентузијастички настроен тим, вели Ангеловска.
За обвинувањата од пратеникот Влатко Ѓорчев, кој наведе дека прочитал како таа делела во својата фирма плата од 200 евра и остатокот го давала на рака на своите ИТ инженери и веб дивелопери за да избегне плажање на данок тврди дека не е вистина.
- Во однос на тоа дали сме работеле во согласност со регулативи, проиписи, беа споменувани и минимални плати, благодарам на приликата да ги демантирам сите тие невистини коишто беа, како да кажам, спинувани информации. Компанијата ниту има 12 вработени, ниту дели минимални плати, ниту вработува ИТ-инженери, напротив, ние имаме аутсоср компанија со која што работиме за се што е развој на софтверот, така што, ги демантирам сите тие невистинити информации коишто беа упатени, демантира новиот чувар на државната каса.
На критиките дека има само 31 година вели дека тоа не е хендикеп.
– Не би рекла дека сум многу млада, бев многу млада кога имав 21 година кога се впуштав да основам бизнис во индустрија која што не постеше речиси кај нас. Не зборуваме само за ниска интернетпенетрација, туку и за немање на платежни картички. Тогаш да, бев млада, бев полна со енергија и ентузијазам дека ќе предизвикам промени во таа индустрија. Меѓутоа, исто така, сега кога спомнуваме дека имаше критики за младоста и искуството, свесна сум дека сум поразлична од досегашниот профил на луѓе кои ја воделе оваа одговорна функција, гласи нејзиниот одговор.
За тоа што нема политичко искуство, односно како же се снајде на една сосема друга функција од различен тип, смета дека оној што знае да менаџира може да се снајде на секоја позиција.
- Значи, од една страна сум – да различна, но од друга страна кога зборуваме за фискални политики знаеме дека фискалната политика е средство за постигнување на економските цели. Знам, јасно ми е дека Министерството за финансии е крвотокот на државата, ама ако зборуваме за постигнување на економски цели тука доаѓа дека за која било цел која што сакаме да ја постигнеме е клучно доброто менаџирање. Затоа секогаш слушаме менаџирање со јавен долг, менаџирање со јавни финансии, а во менаџирањето досега јас и теоретски и практично и дома и интернационално сум се докажала. Менаџирањето бара широки интердисциплинарни познавања особено денеска во современиот свет и бара да се препознае потенцијалот, да се постават правилните прашања, да се донесат правилните одлуки на база на анализа, истражување и да се постават приоритети во овој случај коишто ќе донесат најмногу бенефити и за граѓаните, но и за бизнисите, тврди министерката позната во јавноста како Нина Групер.
