Нимиц:Лидерите во Македонија треба да го постават националниот интерес на прво место
Според посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, лидерите мора да покажат зрелост и мудрост и да се движат во конструктивен правец, што порано толку подобро.
„Верувам дека политичките лидери во Македонија треба да го постават националниот интерес на прво место, над традиционалните политики, и да земат предвид што е најдобро за народот. Навистина се надевам дека наскоро ќе се разреши моменталната политичка безизлезност и верувам дека тоа ќе може да се стори само преку парламентарни избори кои ги исполнуваат критериумите од Пржинскиот договор. Откако ќе се постави демократски избрана влада, ве уверувам дека највисок приоритет во име на Обединетите Нации ќе ми биде повторно сериозно вклучување на меѓународните страни за да се реши прашањето за името„- вели Нимиц.
Тажен сум поради моменталната политичката ситуација во Македонија, но факт е дека јас не гледам конструктивна улога за медијаторот на ОН околу прашањето за името се додека не се постави фер и демократски избрана влада во Скопје, изјави Нимиц, медијатор во грчко македонскиот спор.
