Нимиц во нов обид за надминување на спорот околу името
Уште вчера, посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц имал првични одвоени средби со преговарачите на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Од македонското МНР нема поделани информации за што се разговарало на средбата и дали биле презентирани нови идеи за надминување на спорот.
Попладнево по македонско време, Нимиц во Њујорк ќе одржи и заедничка средба со двајцата преговарачи, по која се очекува сите тројца да излезат и со изјави за текот на разговорите.
Поканата за нова рунда разговори за името дојде како изненадување со оглед на тоа што Македонија веќе се наоѓа во предизборие, со Влада во оставка, па каков и да е напредок во овој момент е тешко да се очекува. Веднаш по Македонија, избори има и во Грција.
Според аналитичарите, една од варијантите е дека обидот да се пронајде решение бил испровоциран од украинската криза:
Украина или изборите: Што го “креираше“ повикот за нова средба кај Нимиц?
Слично
