Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц во Атина: Името ќе се реши, ама не знам кога

Нимиц во Атина: Името ќе се реши, ама не знам кога
Сите се заинтересирани да се реши македонско-грчкиот спор околу името, вклучувајќи ги и двете инволвирани страни, изјави медијаторот Метју Нимиц денеска во Атина по неговата средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос. „Со оглед на големиот интерес за ова прашање и некои идеи кои се на маса и кои би можеле да бидат основа за решение, уверен сум дека прашањето може да се реши, но не можам да кажам точно кога“, рече Нимиц. Венизелос на средбата ги потврдил грчките црвени линии - име со географска одредница за севкупна употреба. Неговата посета на Атина следува по посетата на Скопје, каде што имаше средби со македонскиот државен врв. Со македонските претставници Нимиц исто така разговарал за некои идеи да се надмине прашањето, но не прецизираше кои.
Слично

Поврзани вести