Нимиц се враќа во Грција, од Македонија заминува без решение за името
Употребата и геиграфската одредница се двете спорни точки околку кои се кршат копјата во спорот за името со Грција. Како што денеска во Скопје изјави медијаторот на Обединетите Нации Метју Нимиц, постојат значителни разлики помеѓу двете страни и нема решение за името, поради што преговорите продолжуваат.
„Мислам дека името мора да го содржи зборот Македонија затоа што оваа земја е во регионот Македонија. Но, таа не е целиот регион, Македонија е голема област и беше поделена пред 100 години. Најголемиот дел од Македонија е во Грција, па затоа мора да има одредница за да се појасни дека има разлика. Јас предложив таква одредница, а грчката страна има став околу тоа каде се наоѓа одредницата, а Владата тука има различен став за тоа и ова е значителна разлика“, вели Нимиц.
Исто така Грција смета дека новото име треба да биде за целосна употреба, додека предлогот на Нимиц бил поинаков, но иако ова го откри, Нимиц не кажа кој предлог бил ставен на маса. Единствено посочи дека има географска одредница, но не и етничка.
„Моето име е Метју Нимиц и секогаш кога јас го употребувам моето име, го употребувам моето име. Не користам друго име. Тоа е нивната позиција. Но, тоа не значи дека кога зборувам со жена ми и таа мора да го користи името Метју Нимиц. Таа може да ме вика некако поинаку, знаете. Но официјалното име на документ е моето официјално име“, објаснува Нимиц.
По Скопје, Нимиц пак се враќа во Солун каде што ќе се сретне со Адамантиос Василакис, грчкиот преговарач за името.
„Ќе бидам во контакт со преговарачите Василакис и Јолевски за наредните чекори под претпоставка дека двете страни сакаат да продолжат со процесот. Раководствата на двете земји доаѓаат на Генералното собрание на ОН во наредните неколку недели, ќе се сретнам со некои од нив и ќе разговараме за наредните чекори“, рече Нимиц.
во Скопје претходно се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Медијаторот Нимиц вчера се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов, а денеска со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а потоа и со премиерот Никола Груевски. По средбата со Попоски немаше изјави, додка за време на разговорот со претседателот Иванов било истакнато дека Македонија е подготвена за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот со Грција за разликата околу името.
Слично
