Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц: Проблемите не треба да се остави да тлеат, туку треба да се решаваат

Нимиц: Проблемите не треба да се остави да тлеат, туку треба да се решаваат
Интересот на земјите од Европската унија, особено на Германија, за решавање на македонско-грчкиот спор околу името е добредојден, изјави медијаторот Метју Нимиц по неговите средби со македонскиот државен врв во Скопје. Својата посета на земјава тој ја оцени како конструктивна, но нагласи дека разговорите се водат исклучиво за името, а не и за идентитетските прашања. „Народот си има свој идентитет и Обединетите нации не преговараат за идентитетот на еден народ. Мојот мандат под покровителство на ОН се однесува исклучиво на прашањето за името“, нагласи Нимиц по неговата средба со премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека по денешните средби многу идеи се на маса и оти останува на двете влади да ги разгледаат. Споровите треба да се решаваат и да не се остави да тлеат, истакна Нимиц. „Сметам дека ова е вистинско време за заживување на разговорите и за решавање на спорот“, нагласи тој. Нимиц од Скопје патува за Атина на средби со грчките претставници, а веќе утре напладне по македонско време во грчкото МНР има средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.
Слично

Поврзани вести