Економија, финансии, бизнис

Контакт

НИМИЦ ОД АТИНА: Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед

НИМИЦ ОД АТИНА: Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед

Mедијаторот Метју Нимиц по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во грчкото МНР изјави дека постои моментум, и дека е време за носење одлуки. 

Со Коѕиас разговарале за идеите кои Нимиц ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на Владата и вели дека постои волја и кај двете страни за постигнување договор.

Нимиц вели дека грчката Влада е искрена и активна во решавањето на проблемот, а средбата според него била конструктивна. 

„Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука“- изјави Нимиц. 

Тој не спомна кои се предлозите за името и не сакаше да коментира на оваа тема. 

„Никогаш не давам конечни идеи, јас сум посредник, а не судија. Од моја страна давам идеи за кои сметам дека се најдобри во моментов“- рече Нимиц.

Нимиц утре доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државен врв.

Слично

Поврзани вести