Нимиц на средби со државниот врв
Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц утрово го започнува официјалниот дел од разговорите со македонските власти посветени на изнаоѓање на решение за овој проблем.
Според агендата, предвидено е Нимиц да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Посетата е можност тој да се запознае и со новиот македонски претставник во разговорите Васко Наумовски. Пресконференција ќе одржи веднаш по завршувањето на средбите во Владата, на крајот од својата посета.
Вчера, веднаш по пристигнувањето во Скопје, Нимиц нагласи дека не носи нов предлог, но дека има идеи во главата кои ќе ги изложи.
По средбите во Скопје, Нимиц заминува за Атина, каде е предвидено дас е сретне и со грчките претставници.
Слично
