Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нимиц: Грчкиот страв за иредентизам кај Македонците не е измислен

Нимиц: Грчкиот страв за иредентизам кај Македонците не е измислен

BBC објави сторија за дипломатот Метју Нимиц кој повеќе од две децении е посветен на разговорите за разликите околу името меѓу Македонија и Грција со тоа што повеќе се посветува внимание на неговата личност и искуство, но не изостануваат ниту неговите ставови и прогнози за можно решение.

Тоа што најмногу изненадува од целиот портрет на Нимиц е неговото објаснување за стравот на Грција од иредентизам и територијални претензии кај Македонците кој според него не е измислен. 

„Во последните три генрации овој вид на закани беа вистински за земјата. Тоа чуство дека секогаш сме опкружени. На Балканот секоја земја има историја на поделба или борба со соседот во одреден период“, вели Нимиц за BBC. 

Тој еднаш пред американски сенатори им го објаснил проблемот со тоа што ги прашал како би се чуствувале ако Мексико го промени името на Република Мексико и Тексас и објави историски мапи со кои имплицира дека го поседува целиот југо-запад на САД. 

Инаку Метју Нимиц кој со децении го следи проблемот треба досега да биде запознаен дека приказ на историска мапа барем на Балканот не е уникатна појава за Македонците и некаква реална закана за враќање на старите територии, барем тоа е наше видување.

Нимиц дополнува и дека ги разбира Македонците поради тврдењата дека тие се дојдени во 9 век и дека треба да се викаат барем „Нова Македонија“ тоа многу ги погодува бидејќи сакаат да се чуствуваат како староседелци како и сите други. 

Дипломатот Нимиц предвидува и дека ќе има брзо решавање на спорот за името поради доаѓањето на новата влада предводена од Заев која по цела декада воведува оптимизам за членство во ЕУ и НАТО. 

Исто така вели дека предмет на преговори е формалното име за дипломатски односи, а не самиот идентитет на Македонците кои имаат право на самоидентификување.


Слично

Поврзани вести