Нимиц доаѓа во Скопје, што ќе донесе?
Посредникот во македонско-грчкиот спор околу името Метју Нимиц денеска ќе допатува во Скопје како прва станица на новата рунда разговори за разликите околу името.
Посетата на Нимиц ќе трае два дена. Македонските власти уште не објавиле агенда на неговите средби во Скопје, но според првичните најави Нимиц треба да се сретне со државниот врв, а и да го запознае новиот македонски преговарач во спорот околу името Васко Наумовски.
Шефот на македонската дипломатија Никола Поповски минатата недела, запрашан дали Нимиц ќе донесе и нов предлог за надминување на разликите со Грција, изјави дека посредникот засега не најавил такво нешто.
По посетата на Македонија, медијаторот ќе отпатува и во Грција, на средби со грчките претставници. Оваа посета на регионот тој ја најави уште пред неколку месеци, истакнувајќи дека ќе почека најпрвин да завршат изборните циклуси во Скопје и Атина.
Пред поаѓањето, Нимиц минатата недела најави дека тој пред оваа посета е оптимист оти е можен пробив во решавањето на деценискиот спор меѓу двете земји.
ИНТЕРВЈУ Андреја Богдановски, безбедносен експерт: Оптимизмот на Нимиц ќе згасне штом ќе допатува
Слично
