Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски:Во Министерство за земјоделство имало злоупотреби, непотизам, местени тендери

Николовски:Во Министерство за земјоделство имало злоупотреби, непотизам, местени тендери

Во Министерство за земјоделство имало злоупотреби со субвенции, наместени тендери, корупција, незаконски и фалсификувани договори, задоволување на бизнис партнерите блиски на власта на штета на земјоделците, судир на интереси, непотизам, узурпирање на земјата на вистинските земјоделци, злоупотреба на ресурсите.

Ова го изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој вели дека за криминалот што го откриле во Министерството за земјоделство,  ќе следи одговорност и ништо не може да им помогне на Никола Груевски и на неговите пулени.

„Докажавме дека милиони евра преку Платежната агенција завршуваат во џебовите на луѓе и фирми блиски на Груевски и фамилијата. Пет милиони евра за Трансмет на Сеад Кочан, сопственикот на „НоваТВ“, за финансирање на медиумскиот мрак. Стотици илјади евра за Силекс Неметали, фирма на Горан Ивановски, син на коалицискиот партнер на Груевски, Љубисав Иванов – Ѕинго кој е сопственик и на „Сител телевизија“. Незаконски тендери за браната Конско тешки 33 милиони евра. Самоволието и безаконието на функционерите, пулените на Груевски, се на директна штета на вистинските земјоделци. Христијан Делев неовластено потпишува незаконски договори со кои ги ослободува од плаќање закупнина за повеќе години и илјадници хектари земјоделска земја три фирми, блиски до власта. Градоначалникот на Демир Капија,  Трајче Апашот преку фирма на неговата сопруга заедно со поранешниот министер, Љупчо Димовски и тогашниот директор на Платежната агенција, Тони Димовски договори со неовластени лица за исплата на стотици илјади евра земјоделски субвенции“ - вели Николовски.

Додава дека тука спаѓаат и Илија Србиновски,  локален моќник против кој обвинителството започна постпаки за утврдување на злоупотреба за службена должност и овластување за склучување на незаконски договори и судир на интереси. Се извезува огревно дрво во Грција додека им се наплаќа на граѓаните по повисоки цени. Миленко Неделковски добива 183 хектари пасиште за околу 60 кози. Не се поштедени ниту граѓаните затоа што 5 месеци не функционираат системот за контрола на безбедноста на храната во АХВ, рече Николовски.

Слично

Поврзани вести