Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски: Со парите на земјоделците се финансираат медиумите на власта!

Николовски: Со парите на земјоделците се финансираат медиумите на власта!

„Изјавите на министерот Цветков откриваат нови сомнежи дека се уште се прават злоупотреби во Министерството за земјоделство и парите наместо кај вистинските земјоделци, завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта“, изјави денеска дополнителниот заменик минситер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Тој обвиниува дека со парите на граѓаните и вистинските земјоделци власта ги финансира медиумите кои ги задолжила да шири лаги .

Николовски вели дека според парите што ги имаат добиено „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, фирми семејно врзани со телевизиите ТВ Нова и Сител, Министерството заземјоделство како да е специјализирано за субвенционирање на медиумите кои одработуваат за  Груевски.

Дополнителниот заменик потсетува дека сопственикот на фирмата„Трансмет“, за 17 месеци преку МЗШВ добил тендери во висина од 5 милиони евра.

Николовски исто така информира за бројните позитивни прилози кои МРТВ, Сител, Канал 5 и Алфа ги емитуваат за владеачката партија и само за време од една недела партијата на власта добила 5 часа и 58 минути во прилозите на овие телевизии.

Наспроти тоа СДСМ добила негативни прилози од 2 часа и 22 минути.

Слично

Поврзани вести