Николовски со нова кривична пријава против Министерот Цветков
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска поднесе кривична пријава против министерот Михаил Цветков.
Причината е, како што изјави Николовски за сторено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување.
Поточно кривичната се однесува на скандалот со доделување на тендер од страна на МЗШВ, тежок половина милион евра, на фирмата „Силекс Неметали“ во сопственост на „Силекс АД Кратово“.
„Кога „Силекс неметали“ го добива тендерот од МЗШВ и кога се исплатени близу половина милион евра преку Платежната агенција, Михаил Цветков во исто време е министер за земјоделство и член Управниот одбор на „Силекс АД Кратово“!“, изјави Николовски посочувајќи дека ова е скандал од огромни размери, класичен судир на интереси, злоупотреба на државни институции и злоупотреба на парите на граѓаните за бизнис интересите на фамилијата.
„Ова се докази дека милиони евра, пари на граѓаните, секоја година се одлеваат за фабриката за лаги на Никола Груевски.
Додека земјоделците мака мачеле со поплавите ширум Македонија нивните пари се злоупотребувале за јакнење на медиумскиот мрак. Ова е класичен пример за корупција на медиумите којшто покажува дека е неопходна регулација на медиумите“, потенцираше дополнителниот заменик министер.
