Николовски со кривична за раководителот во МЗШВ Битола
Илија Србиновски-екс пратеник на ВМРО-ДПМНЕ а сегашен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола денеска заработи кривична пријава од заменик дополнителниот министер за за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Кривичната се заснова врз основаните сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања.
На четврти овој месец од партијата на опозицискиот лидер обелоденија документи со кои ја тврдат злоупотребата на екс пратеникот.
Заменик министерот Николовски тогаш приложи документи и потенцираше дека тој и неговата партија (СДСМ) нема да молчат за скандалите за кои молчи владеачката гарнитура.
Засега од партијата на власт не го коментираат ова обвинување од опозицијата.
