Николовски: Пораснав со национализам и непријателства
Во интервју за новинската агенција АНА-МПА, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски, рече дека е "дел од една генерација политичари во Северна Македонија која одлучи да ги реши сите нерешени прашања со соседите од изминатите 30 години ".
Бидејќи има само 36 години, забележува дека неговата генерација израснала во атмосфера на национализам и непријателско расположение кон соседите на Македонија, „кои Зоран Заев и неговата влада сега се обидуваат да ги решат“.
"Откако беше формирана владата на Заев, потпишавме договор со Бугарија и, според ги бројките, гледаме дека соработката е подобрена. Не само тоа, договорот беше добар за иднината на следните генерации", рече тој. Осврнувајќи се на договорот од Преспа, тој истакна дека луѓето во неговата земја се среќни што имало политичари кои се обидувале да ги решат отворените прашања и дека Заев, заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас "успеал да го премости овој историски јаз".
Николовски во Грција ја испитуваше можноста за соработка со солунскиот саем „Хелекспо“ и додаде дека има голем број контакти со грчки агро-компании
"Тимовите од двете министерства (грчкото и македонското) работат на меморандум за разбирање за понатамошно унапредување на соработката, подготвуваме голема делегација од Северна Македонија и ќе ја посетиме Грција следниот месец. Ќе имаме многу директни средби со цел да ја зајакнеме нашата соработка", додаде тој.
