Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски поднесе кривична за Делев, тврди дека ослободувал фирми од закупнина

Николовски поднесе кривична за Делев, тврди дека ослободувал фирми од закупнина

Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ денеска поднесе нова кривична пријава против Христијан Делев, актуелен заменик министер за економија.

Документите и доказите ги достави до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 „Делев треба да одговори како тоа склучувал договори за ослободување на фирми блиски до власта од плаќање закупнина за огромни површини од над 5.000 хектари, државно земјоделско земјиште? Христијан Делев, пуленот на Груевски, потпишал анекс договори со АК „Џумајлија“ за ослободување од закупнина за 5.642 хектари. Врз основа на кој закон и кое овластување го направил тоа? - вели Николовски. Додава дека Делев потпишувал анекс договори за ослободување од плаќање закупнина за фирмата „Лозарство Таринци“ за 334 хектари, за „Вардар Градско“ за 3.220 хектари државно земјоделско земјиште.

Според Николовски, вистинските земјоделци немаат ниту земја ниту пари. Тој смета дека власта на ВМРО-ДПМНЕ е на дирекна штета на земјоделците и за ваквото самоволие на функционерите на Никола Груевски одговорност мора да има.

Слично

Поврзани вести