Николовски и Ременски меѓу сопартијците во Швајцарија, се бараат фер избори
Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски и членот на ИО на партијата, Љупчо Николовски, деновиве се во посета на партиските организации на СДСМ во Швајцарија.
Тие вчера се сретнаа со иселеници од Република Македонија во Швајцарија. Вечерта се одржа и трибина во Локарно, во организација на партиската организација на СДСМ од дијаспората.
„Иселениците ги поздравија успешните политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и дадоа силна поддршка на процесите за враќање на слободата, демократијата и правдата во Македонија. Заеднички беше потврдено дека за излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори, час поскоро“- стои во соопштението од СДСМ.
На трибината се зборувало и за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија и можноста за враќање на земјава на нормален колосек.
