Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николовски и неговите колеги со обединет став против Хрватска

Николовски и неговите колеги со обединет став против Хрватска

Министрите за земјоделство од регионот на средбата во Сараево донесоа одлука дека не го прифаќаат новиот правилник за увоз на овошје и зеленчук со кој Хрватска значителни ги дигна цените за гранични и фитосанитарни проверка на производите.  Министрите беа едногласни дека Хрватска има седум дена да ја повлече мерката или во спротивно ќе добие воведување на контрамерки.

Според новиот правилник надоместок за секоја извршена проверка или контрола, и секоја поединечна врста на овошје и зеленчук изнесува 2.000 куни (270 евра), додека претходно беше 90 куни (12 евра).

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во Сараево се сретна со своите колеги од БИХ и од Србија, Шемсудин Дедиќ и Бранислав Недимовиќ. 

Ставот на Србија и претходно беше дека е подготвена да воведе контра мерки, додека пак Македонија сакаше да почека Хрватска да го повлече правилникот со кој се ограничува увозот на производи од земји кои не се членки на ЕУ.


Слично

Поврзани вести