Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николов: Владата да се раздолжи на фирмите

Николов: Владата да се раздолжи на фирмите
Македонската економија се наоѓа во состојба на незапаметена неликвидност, која извира од неспособноста на Владата навреме и редовно да ги отплаќа своите долгови кон компаниите.Овој проблем добива загрижувачки димензии и се заканува целосно да го задуши стопанството, изјави Марјанчо Николов, претседателот на собраниска Kомисија за финансирање и буџет на прес конференција на СДСМ. Јасно е дека компаниите немаат пари. Но, неликвидноста изразена во бројки покажа колку е навистина тешка кризата во домашната економија. Најновите податоци се фрапантни - дури половина од активните компании во земјава, односно 37.754 се блокирани. Вкупниот број блокирани сметки на приватни фирми, пак, заклучно со мај, достигна 58.131, рече Николов, цитирајќи податоци од Народната банка.
Слично

Поврзани вести