Николов: Не пумпајте го буџетот за потоа вие да ни делите пари
Ребалансот кој надлежните го прекроија предизвика реакции кај дел економските експерти. Се коментираат одлуките се скратија пари во повеќе ставки.
Во продолжение ви го пренесуваме ставот на претседателот на ЦЕА Марјан Николов кој го сподели н социјалните мрежи.
...
После глобалната криза фати еден бран на кризен менаџмент во јавните финансии кога преку симплифицирање и банализирање на водење на политики се тргна кон "проекти".
Тоа требаше да трае кратко, заради полесна транзиција од последиците од глобалната криза. За жал стана главна определба на политичките елити за да од собраните даноци глумат дарежливи Дедо Мразовци кон плебсот правејки од него закрепостени гласачи во очекување да пред нив понизно бидеме благодарни што ни враќале пари.
Ве молам, не пумпајте го буџетот за да потоа вие ни делите пари. Нам не ни требаат Дедо Мразовци. Поефикасно е да секоја фирма и семејство сами си одлучат за потрошувачка или штедење на сопствениот расположив доход. Вам ви е оставена наједноставната работа. Направете амбиент.
Со поткуп на младите преку разни субвенции и трансфери нема да ги задржите туку со градење на амбиент за исполнување на сопствени идеи без ваша интервенција во трансцедентен занес дека треба да бидеме понизно благодарни за она што од наши пари ќе ни го трансферирате.
И ако некој давал пари на рака најдете го и казнете го, а не да го наградите да не плаќа придонеси и даноци за тој износ. Градете образовани со вештини и капацитет инспектори. Вака правите повеќекратна штета.
Буџетот е оштетен, дискриминирате на пазарот и во неповолна положба се ставени дисциплинираните економски агенти, инспекторите и администрацијата и понатаму се нереформирани и под политички притисок, генерирате морален хазард и генерирате долгорочни тросхоци.
