Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николов: Добро е што се одложи либерализацијата на пазарот на струја!

Николов: Добро е што се одложи либерализацијата на пазарот на струја!

Претседателот на Центарот за економски анализи Марјан Николов во интервју за Утрински весник го оправудува потегот и вели дека е добро што Владата ја одложи либерализацијата на пазарот на струја.

Тој ваквиот потег, кој наиде на реакции кај Европската енергетска заедница го коментира на овој начин:

„Во Македонија системот е така поставен да цените за базната и за пик потрошувачката се уште не се реални што од економски аспект не е во ред, затоа што ваков начин на тарифирање не ја одразува реалноста на економскиот трошок. Мислам дека Владата направи добар потег со одложување на либерализацијата, имајќи предвид дека само затоа што се работи за пик потрошувачи, по дефиниција ќе се плаќа многу повисока цена отколку што се плаќало до сега. Второ, во ЕУ директивите за електрична енергија ИЈма една категорија што се нарекува разумна цена за електрична енергија, под што се подразбира дека и општеството мора да види која е куповната моќ на потрошувачите. Од тој аспект по мое ми слење е добро што се донесе одлука да се одложи либерализацијата, бидејќи не можете да одите нонстоп со донесување одлуки затоа што тоа е согласно директивите на ЕУ. Тоа механичко носење на одлуки, на закони кои што не се одраз на домашната реалност, може дополнително да ја влоши и онака лошата економско политичка и социјална ситуација во Македонија“, вели Николов.

Во интервјуто, Николов зборува за политичката криза и нејзиното влијание врз економијата и вели дека  кај нас никогаш не заживеала вистинска парламентарната демократија, што е услов за ефикасна пазарна економија.

„Првиот инцидент што покажа дека ние немаме капацитет да го ислушаме граѓанството е кога во Собранието не се прифатија потписите од референдумот за распуштање на парламентот во 1995 година. Вториот е 24 декември 2012 година. Со тие два инцидента, по мое мислење, ние покажуваме дека не сме подготвени за развој на парламентарна демократија и за ефикасна пазарна економија“, смета претседателот на Центарот за економски анализи.

Целото интервју може да го прочитате тука.

Слично

Поврзани вести