Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ ја обвини Владата за негрижа кон работничките семејства и за толерирање шпекулации на пазарот, додека министерот за транспорт, Александар Николоски возврати дека високите цени на становите се директна последица на блокирањето на урбанистичките планови и хистеријата што се создава против градежништвото, особено во некои скопски општини и во Охрид.

Мециновиќ истакна дека домувањето не смее да биде комодитет, туку човеково право. Николоски ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека токму политиките на Левица и создавањето отпор кон секој нов детален урбанистички план во скопските општини ја ограничуваат понудата на станови, што неизбежно води до раст на цените според основните економски законитости.

„Добро е да знае македонската јавност дека една од основните причини зошто цената на станбениот квадрат во неколку скопски општини и во остатокот од државата, која инаку е релативно коректна, е ваква каква што е, поради хистеријата што вие и вашите прокси-коалициски партнери ја создавате. Имено, во Македонија во моментов да се донесе детален урбанистички план се смета за поголемо злодело, отколку да се убие човек на улица“, изјави Николоски.

Рече дека во повеќе скопски општини, како Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и во Чаир, не се носат планови поради притисокот од јавноста, а слична е ситуацијата и во Охрид каде, поради строгите забрани за градба, цената на квадратот достигнала 4.000 евра.

„Еве за урбанизацијата, вашата политика ја следиме и резултат на вашата политика е 2.500 евра за квадрат. И ако продолжиме со оваа политика, 5.000 евра за квадрат ќе биде, затоа што е едноставно, ако нема градба, ако нема понуда, а има побарувачка, цените ќе одат нагоре. Многу е едноставно, пазар е тоа“, посочи Николоски.

Тој рече дека Левица води популистички политики. 

Слично

Поврзани вести