Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Селата ќе се поврзат со автопатот Кичево - Охрид

Николоски: Селата ќе се поврзат со автопатот Кичево - Охрид

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека е пронајдено решение сите села да имаат пристап, поточно поврзување, со новиот автопат Кичево-Охрид. 

Според Николоски, такво решение не било предвидено во стариот проект, па затоа решението се прави со паралелен пат, додека однапред е постигнат договор и со комисијата на УНЕСКО, од која е добиена дозвола за предметните работи. 

Инаку, се предвидува изградба на паралелни патишта и улички во должина од 18 километри, оваа инфраструктура, која ќе им овозможи на селата од двете страни на автопатот да имаат пристап до истиот и да не бидат исклучени од градовите Струга, Охрид и Кичево.

„Бевме на влезот во селото Мешеишта, и кога се градеше проектот за автопатот Кичево-Охрид, не беа предвидени патишта, улички, клучки или слично, и со тоа повеќето села од десната и левата страна на автопатот мораа да се исклучат од Охрид, Струга, Кичев, а ние ова го корегиравме и проектиравме паралелен пат долг 18 километри во долниот дел од автопатот. Дефинитивно мораше да побараме одобрение од комисијата на УНЕСКО, а во изминатите шест месеци работевме со нив и добивме нивно одобрение, а сега можете да видите дека се работи на пристапот до Мешеишта, каде што завршува работата, општината ќе ја продолжи, а тоа значи поврзување не само за Струга, туку и за селата што гравитираат кон општина Струга“ рече Николоски.


Слично

Поврзани вести