НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ: Ги покажа возовите и локомотивите, вели „кога дојдовме на власт претпријатието беше пред колапс“
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, на неговиот фејсбук профил објави видео од посетата на Македонски Железници Транспорт, на кое ги покажа возовите и локомотивите на претпријатието за кое вели дека било пред колапс кога неговата партија дошла на власт.
„Благодарение на работниците во Македонски Железници Транспорт на македонските пруги во моментов има 14 возови и локомотиви кои сообраќаат.
Во јуни 2024 година кога ја превземавме власта имаше НУЛА локомотиви и возови и претпријатието беше пред колапс, а вработените немаа земено плата.
Македонските железници ќе бидат гордост на Македонија“, напиша тој на социјалните мрежи.
Слично
