Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Рокот за изградба на Коридорот 8 се одложува за декември 2029 година

Николоски: Рокот за изградба на Коридорот 8 се одложува за декември 2029 година

Mинистерот за транспорт, Александар Николоски денеска изјави дека рокот за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани ќе биде продолжен за две години, односно до декември 2029 година. Не се  очекува зголемување на цената на проектот што го реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“.

Според Николоски, причината за пролонгирањето е двегодишниот застој на проектот за време на претходната влада.

„Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и немавме друг избор освен да прифатиме“, изјави Николоски.

Министерот рече дека еден од главните предизвици е дислокацијата на бројни инфраструктурни водови долж трасата, меѓу кои главни оптички врски, далноводи, водоводни и канализациони линии, како и главниот канал за наводнување на Полог.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести