Николоски: Раст на товарниот превоз за 66 отсто, а на каргото за 23 проценти
Вицепремиерот Александар Николоски објави дека последните објавени резултати на државната статистика потврдуваат голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, но и на каргото.
- Вкупнато количество превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7 проценти зголемено во споредба со истиот период 2024 година - покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Државната статистика забележува и зголемување на карго-превозот преку авиосообраќајот, и тоа за 23,7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на почнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа по должината на Коридорот 10 - посочи Николоски.
Како што рече министерот за транспорт, зголемен е и превозот на патници, освен во железничкиот сектор.
- Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер-летовите. Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железничкиот превоз на патници, и тоа, според статистиката, превезени се 34 илјади патници - истакна вицепремиерот Николоски.
