Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Ова со цените е надуван балон, граѓаните да не купуваат станови пред изградба

Николоски: Ова со цените е надуван балон, граѓаните да не купуваат станови пред изградба

Министерот за транспорт Але4ксандар Николоски во денешниот поткаст на Радио Лидер речедека високите цени на становите во моментот се надуван балон и им порача на граѓаните да не купуваат станови што не се изградени.

- Загрижен сум дека се создава еден балон во градежништвото и да ги замолам граѓаните да не купуваат станови без да можат да ги видат со голо око. Да не купуваат станови со таканаречена прибелешка во имотен лист, туку да купуваат станови во објекти кои што веќе имаат добиено употребна дозвола.

Затоа што ми е страв дека овој балон може да пукне и дека бројни објекти може да останат незавршени. Апелирам до граѓаните да внимаваат многу кога купуваат недвижности. Наједноставен совет е да бараат од инвеститорот употребна дозвола и да е впишан во „Катастар“.

Немам сретнато човек што купил стан по цена од 2.500 или 3.000 евра, а цените се тие, што повторно ме носи до грижата дека се работи за „балон“, рече министерот.

Николоски додава дека државата не може да интервенира соодветно и да го дупне балонот затоа што се работи за ограничени простори, односно за притосок на неколку урбани простори, додека според министерот, цените во другите населени места паѓаат.

Тој рече и дека целата работа е парадоксална по тоа што цените на градежните материјали во овој сегмент се во пад.

Слично

Поврзани вести