Николоски: Одлични вести пристигнаа од Брисел, камионџиите се прифатени како професионалци
Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека македонските транспортни превозници, кои четврт ден ги блокираат граничните премини, ќе добијат виза како професионалци
„Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме.
После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.
Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!“, објави Николоски.

Слично
