Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Oд утре имаме летови до 11 нови дестинации

Николоски: Oд утре имаме летови до 11 нови дестинации

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави дека од утре почнуваат 11 нови дестинации.

„Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за туристите од Франција и Германија, затоа што ова е таканаречениот европски аеродром што ги спојува овие три држави. Од Скопје ќе се лета кон Стокхолм на главниот аеродром, ќе се лета за Штутгарт, за Бари, Ларнака-Кипар и сето тоа започнува од утре 27 октомври“, вели Николоски.

Веќе од следниот понеделник, 3 ноември, дополнува Николсоки, ќе се лета кон Женева – исклучително значајна дестинација која покрај за туристи, ќе донесе и многу бизнисмени во Скопје, понатаму Мадрид, а од 15 декември и кон Прага и Келн.

Слично

Поврзани вести