Николоски очекува подобар квалитет и пониски цени со влез на третиот мобилен оператор
Подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот очекувам со влез на третиот мобилен оператор, рече во интервју на Сител, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
„Очекувам да се разбие дуополот кој што сега постои. Невозможно е да имаме два оператори кои го делат пазарот 51-49, тоа никаде го нема и не може да најдете ситуација каде цените им се горе-доле исти и услугите им се исти, нема втор пример таков. И уште минатата година кажав дали ќе има трет оператор зависи исклучиво од однесувањето на двата постојaни оператори. Наместо да вложат во квалитет, да ги намалaт цените, тие беа инертни, повремено ме напаѓаа мене лично и Владата исто така ја напаѓаа и не успееа во тоа и приридо е да се јави конкуренција, природно е таа конкуренција да понуди подобар квалитет и пониски цени и ќе се натпреваруваат меѓу себе. Тоа е пазар, наша работа е да го овозможиме тоа, а тие да се натпреваруваат меѓу себе“, рече Николоски.
Уште при доаѓањето на функцијата министер за транспорт и врски, Николоски ги критикуваше мобилните оператори, со став дека во Македонија мора да влезе трет оператор за да се намалат цените.