Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Николоски: Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Народното Собрание на Република Бугарија денеска го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

„Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6-ти ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери. Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонските граѓани“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.

фото Фејсбук/Александар Николоски

Слично

Поврзани вести