Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски најави дека од Гевгелија до Солун со брза пруга ќе се стигнува за 30 минути

Николоски најави дека од Гевгелија до Солун со брза пруга ќе се стигнува за 30 минути

Гевгелија ќе се поврзе со Солун со брза пруга. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денеска ја посети Гевгелија, каде што заедно со локалните власти најави реализација на нови инфраструктурни проекти што, како што објасни, ќе го трансформираат регионот и ќе го направат центар за туризам и бизнис.

„Кога ќе се завршат сите овие инвестиции, Гевгелија ќе добие централно место во регионот. Со брзата пруга до Солун ќе се патува само 30 минути, а до Скопје околу еден час. Гевгелија ќе стане главен транспортен, бизнис и туристички центар во Македонија“, рече Николоски.

Вицепремиерот најави и низа нови проекти за локалната инфраструктура, меѓу кои реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица, чија реализација почнува во наредните денови.

„Завршена е постапката за избор на изведувач и наскоро почнуваат со работа, што ќе биде од големо значење за овие населени места. Во тек е и изработка на проектна програма за патот Гевгелија – Ново Коњско во должина од 5 километри, кој очекуваме да биде целосно завршен во текот на следната година“, рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на изградба на нова брана во Коњско, проект кој треба да биде финализиран до 2027 година и ќе има клучно значење за целиот југоисточен регион.

фото ВМРО-ДПМНЕ

Слично

Поврзани вести