Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: На располагање 6 милијарди евра од УКЕФ

Николоски: На располагање 6 милијарди евра од УКЕФ

Министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриоска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Лондон остварија средба со извршниот директор на UK Export Finance, Тим Рид.

„Разговаравме за можностите за понатамошна соработка и поддршка во реализацијата на капитални проекти кои се значајни за економскиот развој на државата.

UK Export Finance е важен партнер во обезбедување финансиски механизми кои ќе овозможат стабилни инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, здравството и образованието“, објави Димитриоска Кочоска.

Николоски додаде дека на средбата се разговарало за деталите околу соработката и поддршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.

„На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го поддржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина“, наведе вицепремиерот.


Слично

Поврзани вести