Николоски му се заблагодари на Бутковиќ за помошта од Хрватска за професионалните возачи
Министерот з атранспорт Александар Николоски како домаќин на денешната средба му се заблагодари на хрватскиот колега Олег Бутковиќ за помошта со решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи.
Пред една недела беше објавено дека македонските транспортери ќе можат да добиваат визи за движење низ земјите од Шенген зоната преку амбасадата на Хрватска во Скопје и преку хрватските дипломатско-конзуларни претставништва, како решение на проблемот што настана со воведувањето на ЕЕС системот на Европска Унија.
„Средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Зборувавме за развој на транспортниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.
На мојот колега Олег му се заблагодарив за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи, како и за измените на законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска и се од огромно значење за нашите превозници“, објави Николоски.
Слично
