Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Македонија сама ќе го решава проблемот на превозниците со ЕУ

Николоски: Македонија сама ќе го решава проблемот на превозниците со ЕУ

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека издавањето долгорочни визи е најдобро решение за проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи од Македонија при влез и излез од Европската Унија.

Тој посочи дека вакви проблеми имаат и возачи од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, поради новиот систем за евиденција на влез и излез во ЕУ.

Според Николоски, некои земји веќе презеле чекори за решавање на овој проблем.

„Швајцарија го воведе тоа уште пред да се појави проблемот, а сега има најави и од Хрватска дека ќе го направи истото“, изјави министерот.

Тој нагласи дека Македонија ќе го решава прашањето индивидуално, со цел да се заштитат интересите на домашните превозници.

„Би сакал да нагласам дека ова го решаваме индивидуално, односно го решаваме проблемот за превозниците на нашата земја“, рече Николоски.

Министерот упати апел до јавноста и до транспортерите да не потпаѓаат под влијание на други агенди.

„Што ќе прават другите земји, тоа е нивна работа. Нека Србија, Босна и Херцеговина и Албанија сами одлучуваат, ние сами ќе одлучиме“, додаде Николоски.


Слично

Поврзани вести