Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка.

Проектот е инвестиција од 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8.   

„Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада, што е пример како се работат проекти кои одговорно и посветено се работи. Се работи за проект кој е во должина од 4, 5 км и проект кој значи целосна рехабилитација и поврзување со Република Бугарија. Ова не е само обиколица на Крива Паланка, ова е поврзување со Бугарија и е витален дел од Кориодр 8 во кој многу вложуваме со цел развој на истиот. Минатиот јануари беше пуштен експресниот пат од Крива Планака до Страцин и ова е природно надоврзување на тој експресен пат, а во моментов интензивно се работи на осовременување, проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир. Првата фаза треба да биде готова до јуни месец, се работи на реконструкција на постојните објекти и после јуни месец да влеземе во втора фаза што ќе значи проширување на граничниот премин. Со еден модернизиран и проширен граничен премин и со една модернизирана обиколница на Крива Планака и еден експресен пат кој оди од Крива Паланка до Страцин целосно се развива источното крило на Коридор 8”, потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека на овој Коридор во соработка со ЕУ во рамки на Планот за раст се бара најсоодветно решение за модернизација и од патниот дел на Страцин до Романовце, односно до Куманово.  

„Интензивно веќе започнаа работите на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и со Софија. Потпишавме Договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а на фаза 2 веќе се задвижени работите иако таму имаме наследена ситуација од претходната Влада, изведувач кој не е одговорен, но со силен притисок работите се движат напред“, рече министерот.

Очекува и за тој проект да има добри вести што ќе значи Крива Паланка да ја поврзат со Бељаковце и да има дневна линија воз од Крива Паланка до Скопје.

Слично

Поврзани вести