Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николоски: Брзиот воз Атина - Софија нема да ги наруши нашите планови за Коридор 10

Николоски: Брзиот воз Атина - Софија нема да ги наруши нашите планови за Коридор 10

Рутата помеѓу Софија и Атина, според европските железнички планови, значително ќе се скрати до 2035 година – патувањето ќе трае шест часа наместо 14.  Планот за нова и брза европска транспортна мрежа не ја опфаќа Македонија, но вицепремиерот Александар Николоски вели дека тоа нема да ги наруши замислите за брзата пруга по Коридор 10.

- Колку подобра поврзаност на Балканот, толку подобро. Нормално е дека двата главни града на Бугарија и Грција да сакаат да се спојат, но доколку гледаме од економска исплатливост, тогаш рутата од кај Македонија е далеку, далеку најкратка и јас затоа само што беше избрана оваа влада велев дека мора да влеземе во силна работа за брзата пруга за Македонија да си го добие своето геостратешко место.

Тоа е пресек на коридорите 8 и 10 , но и најкраткиот пат по коридор 10, со што во спротивно Македонија би останала слепо црево. Ние почнуваме од есен со изградба, а оваа линија Атина - Софија од 2029 најрано, рече синоќа министерот за транспорт во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Слично

Поврзани вести