Николоски: Автопатот Скопје - Охрид е 60 отсто во функција
Министерот за транспорт Александар Николоски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека недоизградениот автопат Кичево - Охрид функционира во 60 отсто од трасата.
„Охрид - Кичево беше заборавен проект, напуштен проект,к ој не постоеше минатата година. На крај на следната година ќе биде целосно завршен и тогаш ќе зборуваме за проблемите. Но. затоа завршивме повеќе од 60 проценти, вкупно 57 километри е Охрид - Кичево,а 34 веќе се во функција и остануваат уште 23 да се доизградат“,рече вицепремиерот во телевизиското гостување.
Николоски рече дека изминатотот лето три месеци било потребно да се собере одредена документација за проектот,немало, на поголем дел од трасата немало проектирање,а како што рече тој, затекнал напуштени градилишта и демотивиран изведувач и подизведувачи.
