Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Србите во Македонија не зборуваат меѓусебе!

Николиќ: Србите во Македонија не зборуваат меѓусебе!
Српскиот претседател Томислав Николиќ побарал од српската дијаспора да биде единствена на средба со иселениците во Австрија. Николиќ нагласил дека при посетите на странски земји немал многу можност да види слога меѓу Србите кои живеат во странство, а како особено негативен го навел примерот на „малата“ Македонија, каде што има осум здруженија на Срби, но тие меѓусебно не разговараат. „Ве молам бидете единствени! Преку вас другите ја ценат Србија!“, апелирал Николиќ до српските иселеници во странство. Тој им порачал дека Србија наскоро ќе добие нова Влада, која ќе биде посветена на европските интеграции, но и на соработка со сите пријатели во светот.
Слично

Поврзани вести