Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Србија нема да влезе во ЕУ, ако треба да го признае Косово

Николиќ: Србија нема да влезе во ЕУ, ако треба да го признае Косово

Србија нема да се стреми кон членство во Европската унија, ако условот за тоа е да ја признае независноста на Косово и нема намера да влегува во НАТО, изјавил во интервју за ТАСС српскиот претседател Томислав Николиќ.

Истовремено, посочува Николиќ, Србија граничи со земји членки на ЕУ.

„Ги исполнуваме нивните стандарди кои се однесуваат на правата на сексуалните малцинства и мигрантите“, истакнува српскиот претседател.

„Но убеден сум дека токму преку соработката со Русија ќе им гарантирам на граѓаните подобар живот“, констатира Николиќ.

Слично

Поврзани вести