Економија, финансии, бизнис

Контакт

Николиќ: Нема да дозволиме изненадувања од Босна

Николиќ: Нема да дозволиме изненадувања од Босна

Нема да дозволиме изненадувања поради политичките тензии во Босна и Херцеговина, изјави српскиот претседател Томислав Николиќ за весникот „Вечерње новости". 

Тој рече дека се собираат сите потребни информации по војнољубивите пораки, кои доаѓаат од Сараево. Според зборовите на Николиќ нема да има седница на советот за национална безбедност, но тој разговарал за случувањата со премиерот Александар Вучиќ, и со претставници на службите и со началникот на Генералштабот.

Повод за тензиите меѓу Белград и Сараево е идејата за спроведување на референдум во Република Српска (РС) на 25 септември, со цел на 9 јануари 2017 година со голема прослава да биде одбележана 25-годишнината на РС. 

Амбасадорите на земјите од ЕУ во Босна и Херцеговина веќе го повикаа претседателот на РС, Милорад Додик да се откаже од одржувањето на референдумот.


Слично

Поврзани вести